Бадр Хари во сабота сака да му се реваншира на полскиот удирач, потсетете се на лудиот пресврт (ВИДЕО)

Најголемата кик бокс организација Глори подготви нов голем настан за 19 март кој ќе го предводат два дуели во тешка категорија меѓу Леви Ригтерс и Џамал ​​Бен Садик и Аркадиуш Вжосек и Бадр Хари.

Настанот Глори 80 ќе се одржи во Хаселт, Белгија, а посебно внимание привлекува реваншот меѓу Хари и Вжосек.

Имено, нивната прва пресметка се случи лани во септември кога Полјакот во втората рунда со нокаут го совлада легендарниот Мароканец.

Тоа беше четврти пораз за Бадр Хари во последните пет натпревари, додека дуелот против Хесди Гергес беше поништен.

Мароканскиот борец на победа чека речиси шест ипол години, од триумфот над Исмаел Лондт.

Хари доминираше на последниот меч на настанот Глори 78 во Ротердам за време на мечот против Полјакот и двапати го демолираше.

Вжосек беше соборен на почетокот на втората рунда, а потоа следеше чудесен пресврт. Полскиот удирач на нападот на Хари одговори со лев висок удар и по тој удар Мароканецот не успеа да се опорави.

Во видеото погледнете ја фантастичната борба меѓу Аркадиуш Вжосек и Бадр Хари:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=XVQpArahEoA&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON