Бадр Хари брзо по објавувањето на борбата го изнесе своето мислење за, како што некои го нарекуваат, „кралот на кикбоксот“ Рико Верховен.
“Додека тој се бореше со штитници за главата и шлем, јас веќе бев големо име во Јапонија. Таму се борат вистински мажи. Тој може да биде крал во земјата на слепите, но јас одлично гледам“.
Борбата ќе се одржи во декември во Германија. Глори се уште не ги објави датумот и местото на случувањето.
31-годишниот Хари во текот на својата кариера победи некои од најголемите имиња во историјата на кикбоксот, како Петер Аертс, Семи Шилт, Алистер Оверем, Алексеј Игнашов, Гокан Саки и Реј Сефо.