Бадр Хари потпиша договор со Глори за 6 борби

Мароканската кик бокс легенда Бадр Хари повторно потпиша договор на шест нови борби со Глори. Бед бој ја сподели веста на социјалните мрежи и е во искушение да ја врати круната. Хари и ветува на навивачите дека 2019 ќе биде негова, а тоа значи дека до крајот на годината ќе го видиме во меч за титулата во тешка категорија против Рико Верховен.

„Почитувани фанови, ветив дека 2019 година ќе биде наша. Денес сакам да објавам дека повторно потпишав со Глори за 6 нови борби. Сега е време да си ја вратам круната“.

https://www.instagram.com/p/BxNkEyKF6px/?utm_source=ig_embed

Минатиот месец Бадр доби суспензија од 19 месеци по позитивниот допинг тест на Глори 51 Ротердам, каде што се бореше против Хесди Гергес и победи со одлука на судиите. Како резултат на тоа, победата што Хари ја постигна над Гергес беше поништена, како и борбата. Ова значи дека тој сè уште нема победа во Глори откако загуби со TKO од Верховен пред неколку години. Казната на Хари истекува на крајот на годината.

https://www.youtube.com/watch?v=YHAd0VbzR0E
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО