Бадр Хари: Оверем има многу мали шанси против мене!

Бадр Хари верува дека Алистер Оверем има многу мали шанси да ја добие нивната трилогија.

Двете легенди ќе се судрат по 3-ти пат на настанот Глори Колишн 4 кој ќе се одржи на 8 октомври во Арнем. Во 2008 година ја видовме нивната прва борба. Тие се бореа на Дајнамјт, каде што Оверем го совлада Хари со лево кроше за 2 минути и 7 секунди.

Една година подоцна Хари доби шанса да се реваншира и тоа го направи. Се сретнаа на Светското Гран при на К-1, каде Хари го нокаутира Оверем за 2 минути и 14 секунди. Сега, 13 години подоцна, ќе има трет дуел за да се стави крај на нивното ривалство.

Бадр е без победа во последните 6 борби во рингот. Веќе 7 години нема победа во рингот. Оверем, од друга страна, има скор од 10-4 во кик бокс и е во серија од 5 победнички борби. Ова ќе биде негова прва кик-бокс борба по 12 години.

Хари е подготвен за битка и уверен во победата.

„Мислам дека секој има шанса против мене со оглед на моите последни борби. Не, слушај, има нешто што не можеш да го пропуштиш во борбите со борци кои удираат многу силно. Не можеш да промашиш затоа што еден е доволно.

Затоа тренираме. Ги тренирам нападот и одбраната. Тренирам многу за да се уверам дека шансата за пораз е што помала. Вистината е дека секогаш постои таква шанса за неуспех.

Дали Алистер има шанса против мене? Секој има шанса! Но, таа шанса е мала, многу мала!“, изјави Хари за Видеоленд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON