Бадр Хари: Ќе ве потсетам дека сум најдобриот на светот

Легендарниот Бадр Хари можеби е далеку од неговите најдобри години, но тоа не му ја одзема самодовербата. 35-годишната мароканска легенда се враќа на меѓу јажињата следниот месец и ќе го предводи Глори 76 и ќе се бори со Бенџамин Адегбај во тешка категорија.

„Бед бој/ Лошото момче“ е во серија од два последователни порази и се уште нема победа во Глори. Тој загуби два пати од Рико Верховен поради повредите во битката. Хари го победи Хесди Гергес, но падна на допинг тест и победата беше поништена.

Значи, не победилвеќе 5 години, но сепак верува дека е најдобриот борец на светот. Хари има скор 106-15 во рингот и има ипресивни 92 победи со нокаут.

„Оваа посебна година нè направи трпеливи. После неопходниот одмор се чувствувам добро, се чувствувам силно и ГЛАДЕН! Се враќам да ве потсетам дека сум најдобриот кикбоксер во светот. Бидете подготвен“, напиша Бадр Хари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON