Бадр Хари и става крај на кариерата (ВИДЕО)

Badr hari udira

Во интервју за мароканското спортско радио „Марс“, кикбоксерот, Бадр Хари, изјави дека официјално ќе се повлече од спортот откако ќе го одработи последниот меч.

30-годишниот борец изјави дека се надева неговата последна битка ќе биде во неговата татковина – Мароко.

„Никогаш не сум го молел Мохамед 4, кралот на Мароко, за што и да било. Но сега се надевам дека тој ќе помогне за остварување на мојот сон“,

Хари, кој е роден во декември 1984 во Амстердам, има една ќерка. Тој изјави дека ќе се повлече од спортската кариера, за да помине повеќе време со неа.

Хари има забележано над 100 професионални борби во целиот свет – Јапонија, Кина, Русија, Европа и ОАЕ.

Сепак, проблемите со законот го придружуваа во динамичната спортска кариера, тој загуби дело минатата недела во Холандија и најверојатно некое време ќе треба да помине во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО