Вајлдер: Ќе му го исклоцам задникот на Поветкин

Vajlder co crveno odelo

Светскиот шампион во бокс во супертешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, изјави во интервју за World Boxing News дека не се сомнева во својата победа над Русинот Александар Поветкин. Покрај тоа, тој има намера често да ја брани титулата.

„Дадов заклетва дека кога ќе станам светски шампион, ќе се борам на секои 2-3 месеци. Откако ќе го испердашам газот на Поветкин, новата одбрана на титулата ќе биде по 2 месеци. Бев убеден во своите способности уште кога бев со статус на кандидат, а сега, откако веќе станав светски шампион, сум уште посигурен “, изјави Вајлдер.

Како што е познато, Александар Поветкин е официјален кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет, која е сопственост на Дионтеј Вајлдер. Пред неколку дена Русинот го победи со техничкиот нокаут во 12-тата рунда Мариуш Вах (Полска). Задолжителната одбрана на Вајлдер против Поветкин напролет, но пред тоа Американецот ќе има можност да направи уште една доброволна одбрана.

Povetkin pozira

Вчера, Русинот изрази подготвеност да има меч со Американецот на негов терен. „Подготвен сум да излезам против Вајлдер уште во на следниот меч, странични средби не ми требаат. Фактот дека бобрбата може да се одржи во САД, во никој случај нема да влијае на мене“, рече Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО