Легендата на кик боксот Бадр Хари сега гради втора сала во Мароко.
На крајот на 2022 година Хари објави дека започнува голем проект кој има за цел да отвори сали низ Мароко. Борецот веќе отвори слаа и очигледно не планира да застане тука. На својот профил на социјалните мрежи „Бед бој“ покажа како му ја градат втората сала. Тој не соопшти точно во кој град ќе се наоѓа.
„Ги градам моите соништа со мешавина од напорна работа и радост, исто како поставување цврста основа за успех. Извонредност или ништо. Втора сала во изградба“, напиша Хари на социјалните мрежи.
Последен пат Бадр се бореше во Бургас во октомври минатата година. Таму загуби со нокаут од Уку Јурендал и отиде во серија од 5 последователни порази. Во кик бокс нема победа од 2015 година. Сè уште нема вести околу иднината на Хари во кик боксот.
View this post on Instagram