Во Амстердам се одржа прес-конференција на Глори Колисон.
Во главната борба на вечерта на 10 декември во Оберхаузен ќе се сретнат Бадр Хари и Рико Верховен.
„Сите велат дека порано било подобро, па ќе видиме. Сигурен сум дека оваа борба ќе го запечати моето наследство“, рече Верховен.
„Ова е нова школа спрема старата школа и тоа е време за новата школа. Тој вели дека бил ѕвезда во Јапонија додека сум се борел со штитници. Се смета за постар, но ние се бориме со правилата на новата школа, а според тие борбите за титулата се во 5 рунди. Тој не сакаше да гоприфати тоа, бидејќи тие во Јпонија се бореа во три рунди“.
Бадр Хари одбиваше да зборува англиски и побара прашањето од англиски да му се преведе на холандски јазик.
„Верховен има свои слабости, но сега не би зборувал за нив. По борбата ќе му ги кажам неговите слабости“, изјави за „Голден бој“.
Запрашан дали тоа ќе му биде последната борба рече дека се уште не одлучил, бидејќи: „Ќе го нокаутирам во првата рунда а потоа ќе бара реванш и тогаш повторно ќе го нокаутирам и ќе заработам дупло“.
Верховен одговори: „Не може само за неколку месеци да се подготвите за супериорен борец како мене. Тој се подготвува, а јас сум подготвен. Јас, роден сум подготвени“.
Кога ги повикаа да застанат еден спроти друг, Хари стана и ја напушти просторијата.
„Ова покажува каков е. За мене ова е спорт. Јас го почитувам секој противник. Ова е знак на тотално непочитување. Јас сум тука поради фановите и медиумите, но секој одлучува за себе“, рече шампионот на Глори.
За Колисон е најавен и судирот меѓу тешкашите Исмаел Лондт и Џамал Бен Садик. Не е јасно што сеслучува со борбата на Лондт за титулата за која се избори со освојувањето на турнирот победа во Копенхаген. Верховен последната одбрана на титулата ја имаше против Андерсон Силва, а овој викенд во Ница се одржува нов турнир на тешкашите.
Ники Холцкен ќе ја брани титула против Седрик Думбе, а ќе се одржи и завршницата на турнирот во бантам категорија кај жените.