Бадр Хари е позитивен на Ковид-19

Бадр Хари е позитивен на ПЦР тестот за Ковид-19. Борецот го призна ова на својот профил на Инстаграм.

Љубимецот на милиони навивачи е во карантин во неговиот дом и ги следи сите упатства и безбедносни мерки.

„Тестиран сум за коронавирус“, откри Хари. „Во моментов сум во карантин и добро се опоравувам откако имав симптоми на грип во изминатите неколку дена.

„Ги презедовме сите безбедносни мерки околу Ковид-19. Ги следевме сите упатства многу строго од почетокот на пандемијата, но оваа ситуација се случи, што да правиме. Тоа ни покажува колку сериозни треба да бидеме во врска со вирусот“.

„Сега ми треба пауза и наскоро ќе започнам со тренинзи“.

Последната реченица во голема мера значи дека битката со Бенјамин Адегбајна Глори 76 ќе биде одложена.

Гала вечерта е закажана за 7 ноември и ќе се одржи во ТВ студио во Холандија. Карантинот на Бадр тогаш ќе биде завршен, но тешко дека ќе биде во форма што му е потребна за ваков судир на највисоко ниво со Бени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON