Легендата Бадр Хари едвај чека да се врати во рингот. 35-годишниот Мароканец ќе се бори со Бенјамин Адегбaj во главната бorbа на Глори 76 на 7 ноември.
„Златното момче“ е во серија од два последователни порази од Рико Верховен и нема победа во рингот веќе 5 години. Хари беше близу до победата и во двете битки со Верховен, но на двата меча се повреди и загуби со технички нокаут.
Сега е подготвен да му ја земе мерката на Адегбај кој загуби само една од неговите последни седум битки во Глори. Битката меѓу нив ќе го даде неоспорниот предизвикувач за титулата во тешка категорија. Хари 92 борби ги доби со нокаут, а Адегбај има само 19 нокаути во кариерата. Не чека интересен судир, а Хари рече дека битките се како лов и му даваат огромно задоволство.
„Битките се лов. Тоа е диво задоволство и јас сум роден за тоа“, напиша Хари.
https://www.instagram.com/p/CF9wfpVlXgQ/?utm_source=ig_embed