Б-примерокот на Поветкин е позитивен на остарин

povetkin-sam

„Б“ – примерокот на рускиот професионален боксер во тешка категорија, Александар Поветкин, даде позитивен резултат на забранетата супстанца за подобрување на физичката издржливост „остарин“.

Супстанцата во тестот од 6 декември минатата година е во „минимална концентрација“ и од таборот на Поветкин повторно се сомневаат во резултатот.

Боксерот дал уште две примероци на 13 и на 15 декември, кои се проверени во лабораторија во Лозана и се негативни, а „остаринот“ целосно се исфрла од организмот за околу една година.

Тоа е причината што Светскиот боксерски совет не го казни Русинот. Тој требаше да се сретне со Бирмејн Стиворн за титулата привремен светски шампион на 17 декември во Екатеринбург, но Стиворн ја одби борбата, откако се појави информацијата за позитивниот допинг-тест на противникот.

Сепак, Поветкин излезе на рингот и го нокаутира во шестата рунда Французинот Жоан Дјуопа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON