Ардијан Аземи за противник во полуфиналето на Меѓународниот боксерски турнир „Емил Жечев“ во Софија го доби домашниот боксер Вилислав Путов.
Аземи и Путов в категоријата до 91 килограм ќе се борат на 11 март, а на 12 март е финалето, каде што ги чека Бугаринот Георги Стоев кој директно се пласира.
На Аземи ова му е генерална проба пред Светското младинско првенство во Киелце, Полска, во април.