Ардијан Аземи загуби во финалето на Меѓународниот боксерскии турнир „Емил Жечев“ во Софија со поделена судиска одлука од домашниот боксер Георги Стоев во категоријата до 91 килограм.
„Ардијан Аземи изгуби во финалето со 2-1. иако цело време беше подобар од Бугаринот. Да боксираше каде било оваа борба ќе му припаднеше на Ардијан. За жал, бугарските суди не беа коректни во судењето. Иако мрзам да се жалам за судењето, но тука навистина не беа праведни“, рече тренерот Насер Харуни.