Австралија ќе го забранува боксот?

Avstraliski bikser

Смрттта на младот австралиски боксер Брејдон Смит ја шокираше спортската јавност, но и предизвикуваше поделени реакции кога е во прашање боксот.

Брејдон Смит до кобниот меч против Џон Винсент Моралде, кој се одржа во австралискиот град Тувумб беше непоразен. На крајот загуби со едногласна одлука на судиите и остана без титулата ВБА првак на Азија во перо категоријата.

Најлошото се случи после борбата. Смит после мечот се сликаше со победникот, но 90. минути по пресметката колабираше, заврши во болница и по два дена почина.

Навистина е тажно кога некој ќе умре занимавајќи се со т.н. спорт во кој идејата е да се нокаутира противникот или барем се обидат да упатат што поголем број на удари во главата. Неверојатно е тоа да не дозволат удирање под самиот појас, а дозволено е во најважниот дел од телото, главата“, рече пефот на австралиската Медицинска задруга на државата Квинсленд, Шон Руд кој побара забрана на боксот во Австралија.

Несреќи и незгоди може да се случат во секој спорт. Тие кои што се против боксот воглавно никогаш не го вкусиле. Го погледнале филмот со Роки и мислат дека знаат каков е боксерскиот живот и целиот спорт“, вели Џон Хог, медицинскиот супервизор на целиот боксерски настан на кој учествуваше 23-годишниот Смит.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON