Атлас: Да беше Канело одличен, ќе го нокаутираше Головкин

Познатиот американски боксерски тренер Теди Атлас ја коментираше третата борба меѓу Сол Алварез Канело (58-2-2, 39 КО) и Генади Головкин (42-2-1, 37 КО), која се одржа на 18 септември во Лас Вегас (САД). Фановите очекуваа многу од оваа трилогија, но за жал беа разочарани.

Головкин не покажа речиси ништо и загуби со едногласна одлука од Алварез – 116-112, 115-113 и 115-113. Така Сол ги одбрани титулите во супер средна категорија и стави крај на големото ривалство. Канело е 8 години помлад од Головкин, што е голема работа.

Атлас не е импресиониран од Канело и го критикуваше на социјалните мрежи.

„Не му одземам ништо на Канело, тој е вистински борец, но да беше одличен вечерва ќе го нокаутираше стариот Головкин.

И двајцата покажаа класа во борбата и почит потоа, но како и повеќето големи борби во спортот, оваа борба дојде со неколку години задоцнување“, напиша Атлас на социјалните мрежи.

Атлас е во право дека трилогијата дојде многу подоцна од очекуваното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON