АСМ го додели стипендиите за млади надежи, боречките спортови полни со таленти

KFM dodeleni stipendii od ASM

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, денеска ги додели ваучерите за стипендиите, кои секоја година АМС ги доделува на 500 најдобри млади спортисти до 20 години. Секако, боречките спортови покажаа кој е кој во државава.

Стипендијата „Спортска надеж“ се доделува во форма на плакета и паричен надоместок, кој го зема младиот спортист во текот на 10 месеци во годината во вредност од 20 отсто од просечната плата исплатена во претходната година.

Од АМС велат дека стимулот на младите од овој тип значи многу за талентираните спортисти да опстанат во битката за градење на професионалниот лик и создавање идни репрезентативци кои ќе ги бранат боите на државата.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО