Лабазан Аскербиев ја извојува првата победа на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио во Зрењанин, Србија. Тој во квалификациите го победи Марцел Едвал од Германија со 8-1.
Првата рунда заврши 0-0, а на почетокот доби казнен поен, така што Германецот поведе со 1-0, но нашиот репрезентативец покажа дека е поквалитетен борач и со активна борба го зголемуваше притисокот и водството 2-1, 4-1, 6-1 и 8-1.
Ова е прва победа на македонски борач во сениорска конкуренција по подолго време.
Дејан Митров (-65 кг) е поразен од Романецот Георге Букур со 13-4 во осминафиналето. Надежите дека Митров може да се избори за норма на овој турнир отпаднаа, ќе мора да ја чека наредната прилика.
Ipon.mk/В. Д.