Саметов не дозволи изненадувања на Гранд при Астана 2014

Денеска беа прикажани многу квалитени борби на Гранд при турнирот Астана 2014 во Казакстан. Џудистите на домаќинот, пред се, во машка конкуренција, се покажаа во одлично светло.

60act13 Judo mazi SmetovЈелдос Саметов во категоријата до 60 килограми не дозволи изненадување, бидејќи стартуваше силно и до финалето не попушти и и приреди голема радост на домашната публика. И Монголците покажаа дека имаат квалитет за светскиот вр, додека Јуки Хашигучи од Јапонија со освојувањето на првото место во категоријата до 66 килограми го навести ривалитетот меѓу џудистите на неговата земја и Казакстан за престиж во овој спорт.

Кај жените победниците се од Монголија, Португалија и Унгарија, но џудистките од Бразил, Италија, Австрија претендираат за врвот. Кристин Легентил од Маурициус е изненадувањето на денот. Таа го освои сребрениот медал, што е прв медал за Муарициус во џудото.

И во утрешната програма се очекуваат занимливи мечеви со многу возбудувања и атракции за публиката.

57act14 judo zeni

Резултати, жени – 48 кг

1.Отгонцецек Галбадрак – Монголија

2.Наталија Бригида – Бразил

3.Валентина Москат-Италија

3.Ебру Сахин -Турција

жени -52 кг

1.Жоана Рамос –Португалија

2.Кристин Легентил – Маурициус

3.Елеудис Валентим –Бразил

3.Гили Коен – Израел

жени -57 кг

1.Хедвиг Каракас – Унгарија

2.Сабрина Филцмозер – Австрија

3.Гулија Кинтавале – Италија

3.Некода Смит – Велика Британија

66act13 judo hashiguchi

мажи -60 кг

1.Јелдос Сметов – Казакстан

2.Амартујшин Дашдава – Монголија

3.Керлен Ганболд – Монголија

3.Ашкат Телманов – Казакстан

dzudo jaka Astana 2014

мажи -66 кг

1.Јуки Хашигучи – Јапонија

2.Жансај Смагулов- Казакстан

3.Рен Мијазаки – Јапонија

3.Себастијан Зајдл – Германија

66act13 judo hashiguchi

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON