АС од Делчево денес ќе настапи на Меѓународниот кик бокс турнир „Златен кикбоксер” во Плевља, Црна Гора.
Мерењето успешно го поминаа помладиот кадет Андреј Митков кој ќе настапи во дициплините поинт-фајт и кик-лајт, додека Павел Стојчевски ќе настапи во јуниорска конкуренција во дисциплината поинт-фајт (-63_69кг) и во кик-лајт -63 кг, додека Љупчо Стојчевски е делегиран за судија на турнирот.