Арум: Фјури сака реванш против Усик, но тоа нема да се случи во октомври

Aлександaр Усик пред една недела го победи Тајсон Фјури во меч за апсолутен шампион во тешка категорија.

Во договорот на нивната борба е вметната и реванш клаузула која поразениот борец може да ја активира.

Британецот побара реванш уште додека беше во рингот, но засега нема официјална потврда дека борбата е договорена.

Копромотерот на Фјури, Боб Арум, истакнува дека Џипси Кинг сака да организира реванш што е можно поскоро.

„Тајсон сака реванш и затоа е многу нервозен. Малку е веројатно дека тоа ќе се случи во октомври, веројатно еден месец подоцна или во декември. Пред оваа борба, овие борци тренираа цела година и едноставно нема смисла веднаш да се вклучат во нов тренинг камп“, изјави Боб Арум и додаде:

„Мислам дека Саудијците ќе се погрижат реваншот да биде договорен што е можно поскоро, но вистината е дека борбата би можела да се одржи на друго место. Никој друг не е способен да понуди толкав хонорар како тие за толку голема борба. Саудијците се исто така одлични домаќини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON