Арум: Догворена е борбата меѓу Џошуа и Фјури

Договорен е боксерскиот спектакл меѓу Ентони Xошуа и Тајсон Фјури за обединување на светските титули во боксот, откри познатиот промотор Боб Арум.

Триесет и едногодишниот Британец Џошуа е сопственик на титулите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, а неговата една година постар сонародник Фјури ја има титулата на ВБЦ.

„Сè е договорено. Нема повеќе пречки за одржување на таа борба“, рече промоторот на Фјури и додаде:

„Двете страни постигнаа договор и само треба да потпишеме договори. Но, можам да потврдам дека нема повеќе проблеми“.

Сè уште не се познати датумот и местото каде ќе се борат најдобрите боксери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО