Артур Бетербиев му „спушти“ на Џејк Пол како одговор на прашање за нивната потенцијална борба

Артур Бетербиев (21-1, 20 нокаути) стана апсолутен шампион во бокс во полутешка категорија во октомври минатата година, победувајќи го Дмитри Бивол со мнозинска одлука во многу тесен меч. Двојката повторно се сретна во рингот во реваншот на 22 февруари оваа година, но тогаш Бивол славеше и ја освои престижната титула, исто така со мнозинска одлука во тесен меч.
И двата меча беа исклучително изедначени и многу фанови на боксот би сакале да видат трилогиска борба. Бетербиев има 40 години и, иако е во поодмината спортска возраст, сè уште поседува врвна физичка издржливост и сила, што е повеќе од доволно за 34-годишниот Бивол.
Руско-канадскиот боксер одговараше на разни прашања од своите фанови, од кои едно беше поврзано со потенцијална борба со Џејк Пол. На што Бетербиев хумористично одговори:
„Кога ќе се борите со Џејк Пол? Па, знаете, јас сум премногу млад за да се борам со Џејк Пол затоа што имам само 40 години. Треба да имам 65 години или нешто слично“, рече поранешниот апсолутен шампион.
View this post on Instagram
Да потсетиме, во ноември минатата година, Пол се бореше со 58-годишната боксерска легенда – Мајк Тајсон. Пол победи со едногласна одлука по разочарувачка и прилично здодевна борба што би сакале да ја заборавиме што е можно поскоро.
28-годишниот Пол сега има закажано меч со 39-годишниот мексикански ветеран и поранешен шампион на ВБЦ, Хулио Цезар Чавез Јуниор. Борбата ќе се одржи на 28 јуни оваа година во Анахајм, Калифорнија, САД.



