Артем Лобов бил идеологот за вискито на Мек Грегор

Артeм Лобов изјави дека токму тој ја развил идејата за вискито Proper No. 12 и му ја дал на Конор Мек Грегор. Оваа и други интересни приказни Русинот ќе ги раскаже во нова книга.

Лобов изјави дека тој и Конер размислувале да направат вотка за да заработат повеќе пари по борбата со Дијаз. Но, не беше лесно да се натера Мек Грегор да го стави своето име на алкохолот.

„Малкумина знаат, но всушност идејата за виски беше моја. Јас бев личноста која го смисли и го оживеа“.

Лобов истакна како ја развил идејата и му ја пренел на Мек Грегор. Иако планот бил на Лобов, тој бил свесен дека само Мек Грегор може да го направи светски бренд.

„Додека бев на колеџ, со еден пријател работев во бар во хотелот „Радисон“. Бевме 18-годишни деца. Заминав и почнав да ја градам мојата кариера додека Иван остана таму и се крена до менаџер на хотелот. Ме запозна со еден дечко таму Ниал од Classic Drinks – голема компанија за дистрибуција на алкохол во Ирска. Ниал се сретна со мене и великодушно сподели многу информации со мене. Потоа се сретнав со неколку компании за дестилирање виски. Се запознав со неколку производители во живо, истражував и се договоривме.

По завршувањето на договорот, отидов кај Конор и му реков:

„Се е подготвено и те чекам. Тоа ќе биде договор од повеќе милијарди, ништо не може да тргне наопаку“. Не сум сигурен дали тој ме сфати сериозно во тоа време, но ги запознав Оди Атар и другите од менаџерската компанија со договорот и луѓето со кои разговарав. Започнавме со работа и мило ми е што сето тоа е толку успешно и што сум дел од тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON