Спротивставеноста меѓу тимовите на Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов е далеку од завршена работа, Артем Лобов се уште е во игра. Тој имаше голема улога да има борба меѓу двајцата борци, откако непоразениот Дагестанец го исшлака минатиот април, а Ирецот дојде да го спасува. Мек Грегор го нападна автобусотна Хабиб пред неговата борба во април, кога ја освои титулата во лесна категорија.
На крајот на кариштата, неколку месеци подоцна, двајцата се бореа, „Орелот“успеа да го понижи „Озлогласениот“, кој сè уште не го прежалил поразот. Конор не престанува да повикува на реванш меѓу нив, а неговиот соборец и пријател Лобов верува дека имаат недовршена работа со Хабиб.
„Секако работите не се добри. Има незавршена работа меѓу мене и Хабиб и мислам дека ќе го решиме тоа во иднина. Сепак, сè уште не е решено и на повидок нема решение. Не сум загрижен за ова разидување. Имам многу фанови од Русија кои ме поддржуваат.
Хабиб, исто така, има голема поддршка. Луѓето кои го поддржуваат, имаат многу да кажат за мене, но не сум загрижен за тоа. Тие работи го држат моето име во медиумите и на Интернет, а како резултат на тоа мојата плата е добра и голема“, вели Лобов.