Арсовски: Тренираме жестоко, мотивацијата е на високо ниво за да се обезбеди норма за Олимпијадата

Македонија ќе настапи со седум каратисти на престојните квалификации за Олимписките игри во Токио што ќе се одржат во Париз, Франција, од 11 до 13 јуни, а во телк се завршните подготовки во Скопје.

За Македонија ќе настапат: Емил Павлов (-67 кг), Петар Заборски (-75 кг), Берат Јакупи (+75 кг), Симона Заборска (-55 кг), Вероника Костовска (-61 кг) и Ангела Мојсовска (+61 кг) во борби и Пуликсенија Јованоска во кати.

Селекторот во борби, Сашко Арсовски, вели дека се тренира жестоко и дека за репрезентативците кои ќе настатап на квалификациите во Париз има спаринг партнери.

„Мотивацијата кај нашите каратисти е на високо ниво и се решени да го дадат максимумот за да отпатуваат на Олимписките игри во Токио. Мора да нагласам дека сега конкуренцијата е многу голема, бидејќи се спојуваат по две категории. Сепак, верувам во репрезентативците и вреувам дека ќе обезбедиме норма за ОИ“, вели селекторот Арсовски.

На квалификациите 24 спортисти ќе заработат директни квалификации за Токио 2020. Најдобрите тројца спортисти во секоја од осумте категории ќе се пласираат на Олимписките игри.

Се очекува околу 800 спортисти од целиот свет да се натпреваруваат за олимписките квалификации во Париз.

Категории:

Женски кумит -55 кг, -61 кг, +61 кг

Машки кумите -67 кг, -75 кг, +75 кг

Машки и женски кати

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО