Арсовски: Ова е многу тешка задача, но не и недостижна, акцент ставам на Емил Павлов

Пред тргнувањето за Париз, каде што од 11 до 13 јуни ќе се одржат карате квалификациите за Олмписките игри во Токио, селекторот Сашко Арсовски со изјава за Ипон.мк.

Арсовски вели дека настапуваат на сите претставници во Париз, како последен филтер пред Токио. Категориите се споени од 5 во 3, и кај мажите и кај жените.

Во машка конкуренција ќе настапат: – 67 кг Емил Павлов, – 75 кг Петар Заборски и +75 кг Берат Јакупи.

Во женска конкуренција: – 55 кг Симона Заборска, – 61 кг Вероника Костовска и +61 Ангела Мојсовска.

„Ова е прва и голема шанса во нашиот спорт, за сите спортисти да дадат максимум од себе за да обезбедат место за кое сонува секој спортист, а тоа е пласан на Олмписките игри во Токио“, вели Арсовски и додава:

„Сепак, ќе бидам реален, ова е многу тешка задача, што не значи дека е и недостижна, знаејки дека каратето е спорт кој носи највисоки пласмани воопшто. Сепак, акцентот го ставам на Емил Павлов, бидејќи е на врвот на светската ранг листа и континуирано ја следам неговата форма, но би бил најсреќен да има пласман и од останатите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО