Жарко Арсовски, како натпреварувач на КК Макпетрол (инаку го води клубот КК Штип) не ја искористи шансата за освојување медал во вкупниот пласаман на Карате 1 Премиер лигата во Големото финале во Салзбург.
Арсовскиво првото коло беше слободен во категоријата над 84 килограми, а во второто се сретна Јонатан Хорне од Германија и загуби со 0:4. Хорне се пласира во вечерашното финале, поради тоа Арсовски доби дополнителна шанса во репасажот, но загуби од Французинот Надир Бенасија со 2:4.
Емил Павлов имаше шанса за медал, но не отпатува за Австрија. Каратистките Сара Радичевска (-55 кг) и Наташа Стефановска (-61 кг) од Макпетрол го освоија петтото место.
Радичевска ги победи Николет Јуха (Унгарија) со 8:0, за потоа да загуби со истиот резултат Сара Карден од Италија, која беше победничка во оваа категорија. Во репасажот, Радичевска ја победи Сузана Лучиќ од Србија со 5:0, а во борбата за медал загуби од Џенифер Ворлинг од Луксембург со 3:8. Додека нејзината клупска другарка Симона Заборска, во истата категорија, беше поразена во првото коло со 1:0 од Унгарката Беатрикс Тот. Стефановска откако на татамито не се појави Кајли Звахален од Холандија ја доби борбата со службен резултат, а во второто со 4:0 ја победи Швеѓанката Сабина Ловери, додека во третото беше подобра Изабела Петреску од Израел совалдувајќи ја 1:0, но потоа загуби од победничката во нејзината категорија, Французинката Луси Игнас, минимално со 0-1. Во репасажот, Стефановска со 1:0 ја совлада Германката Силвија Шпернар. Медалот го изгуби со судиско прегласување, откако дуелот со Александра Гранде од Перу заврши 0:0.
Симон Антиќ (+84) од Макпетрол во првото коло беше слободен, во второто го победи Финецот Оскари Рајала со 4:0, во третото Михаил Давидов од Русија со 3:0. Во решавачката борба за медал Холанѓанецот Алекс Кремере со 0:1. Мартин Несторовски од КК Металург, во истата категорија, на стартот беше слободен, во второто коло го победи Џеки Цунг од Швајцарија со 10:1, но потоа загуби од Словенецот Себастијан Будиња со 1:3.
ipon.mk/В.Д.