Арловски ја прекина серијата од 5 порази, Пориер го совлада Петис, Браун го патосира Санчез (ВИДЕО)

Дастин Пориер (22-5, 14-4 УФЦ) во одличната главна борба на УФЦ Фајт најт во Норфолк, Вирџинија, го победи Ентони Петис (20-7, 7-6 УФЦ).

Раскрававениот поранешен шампион во лесна категорија го предаде мечот во третата рунда поради повреда на ребрата.

https://youtu.be/8f2aPZpWOyc

Мет Браун (21-16, 14-10 УФЦ) со фантастичен потег го заврши Диего Санчез (27-11, 16-11 УФЦ). Откако на почетокот на средбата примие тежок удар со нога во телото, „Иммортал“ за кратко време ја фати ногата на Санчез при обидот да удри и го патосираше со лактот. Иако најави дека ова ќе биде проштален меч, Браун по победата остави можност за понатамошни настапи.

https://youtu.be/mTkrgXf8CjU

Очекувано Пориер и Петис добија по 50.000 долари во бонус за борба на вечерта и Мет Браун за изведба. Уште еден бонус му припадна на Рафаел Асункао кој во третата рунда го нокаутира Метју Лопез.

Андреј Арловски (26-15 ММА, УФЦ 15-9) го победи со едногласна одлука Бразилецот Жуниор Албини (14-3 ММА, УФЦ 1-1) и ја прекина серијата од пет последователни порази.

Клеј Гвида (34-17, 14-11 УФЦ) за 67 секунди го нокаутира Џо Лаузон (27-14, 14-11).

Нашата Нина Ансароф ја заблежа третата победа во низа во УФЦ против Ангела Хил со едногласна одлука на судиите.

УФЦ Фајт најт 120:
Дастин Пориер – Ентони Петис (ТКО, Р3)
Мет Браун – Диего Санчез (КО, Р1)
Андреј Арловски – Жуниор Албини (едногласна одлука на судиите, 29-28, 30-27, 30-27)
Цезар Фереира – Нејт Маркарт (поделена одлука на судиите, 28-29, 29-28, 29-28)
Рафаел Асункао – Метју Лопез (КО, Р3)
Клеј Гвида – Џо Лаузон (ТКО, Р1)
Марлон Мораеш – Џон Додсон (поделена одлука на судиите, 30-27, 27-30, 30-27)
Татјана Суарез – Вивијан Переира (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-26)
Сејџ Норткат – Мишел Кинонес (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Нина Ансароф – Ангела Хил (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Шон Стрикленд – Курт Мек Ги (едногласна одлука на судии, 30-27, 29-28, 29-28)
Џејк Колиер – Марсел Фортуна (едногласна одлука на судии, 30-27, 29-28, 29-28)

https://youtu.be/L8SWX7c_vLs

https://youtu.be/RFYkDM6zE7M

https://youtu.be/AqoUvm6db0M

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО