Арјан Исени ја извојува втората победа на ЕП, во четврток со Рустемовски се борат за бронзи

Арјан Исени ја извојува втората победа на Европското бокс првенство во У-22 во Будва – Црна Гора, славејќи 3-2 против Гркот Михаил Цамлидис.

Во четврток во четвртфиналето со Французинот Јожерлин Сесар ќе се обиде да се избори за полуфинале и за бронза за Македонија.

И Ален Рустемовски ќе се боксира во четврток со боксерот од Ерменија Руслан Аслијкан. Ако го победи ќе се пласира во полуфиналето и ќе освои најмалку бронза на ЕП.

На шампионатот настапуваат 320 боксери од 38 држави.

Боксерите ќе добијат и парични награди за освоените медали, но и за пласман во четвртфиналето.

За златен медал наградата е 8 000 американски долари, за сребрениот 4 000 и за бронзениот 2 000, додека за пласман во четвртфиналето се добива по 1 000 долари.

Резултати – ЕП У-22:

57 кг Ален Рустемовски – Арманд Куристо Ковач (Унгарија) 5-0

57 кг Ален Рустемовски – Руслан Асликјан (Ерменија) 16 ноември

80 кг Арјан Исени – Себастијан Куш (Полска) 4-1

80 кг Арјан Исени – Михаил Цамлидис (Грција) 3-2

80 кг Арјан Исени – Јожерлин Сесар (Франција) 16 ноември

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО