Арифи Мердан (-90 кг) прв настапи од нашите репрезентативци на Европското сениорско првенство во самбо во Минск, Белорусија, извојува победа против Едик Петросјан од Ерманија, но беше поразен од Валентин Журдан од Франција и Паата Гвинијашвили од Грузија во неговата Ц-група.
Мердан настапува во спорт самбо.
За Македонија на ЕП наставуваат: Александар Стојанов (+100 кг), Един Дураковиќ (-100 кг), Мердан Арифи (-90 кг) и Омер Зендели (-74 кг), а ги води тренерот Славчо Тодоров. Претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, учествува на Конгресот на ФИАС.
Ipon.mk/В.Д.