Ариел Хелвани смета дека Ислам Махачев не е толку добар како Хабиб Нурмагомедов

Ислам Махачев го победи Александар Волкановски минатиот викенд во неговата прва одбрана на титулата на УФЦ во лесна категорија.

За дагестанскиот борец (24-1) тоа беше 12 победа во низа и прва ја доби по пет рунди.

Долго време Махачев се пробиваше во УФЦ и извојува низа победи, а многумина го гледаа како наследник на Хабиб Нурмагомедов.

Откако Хабиб го напушти тронот во лесна категорија целиот фокус беше ставен на Ислам, кој го освои златниот појас минатата година во мечот против Чарлс Оливеира.

Често се водат дебати за тоа кој е подобар – Хабиб Нурмагомедов или Ислам Махачев.

Ариел Хелвани се осврна на оваа тема во ММА час:

„Махачев не е толку добар како Хабиб, кој доминираше во оваа фаза од кариерата. Но, можам да кажам дека моментално е меѓу тројцата најдобри борци во светот“.

Познатиот ММА новинар смета дека Махачев бил подобар и заслужено го победил Волкановски.

„Сите пофалби што ги имавме за Хабиб сега се само товар за Махачев. Но, ние сакаме Ислам да продолжи таму каде што застана Хабиб“,- рече Ариел Хелвани и додаде:

„Но, Ислам во моментов не е толку добар како Хабиб, бидејќи Адријано Мартинс никогаш не го нокаутирал. Нурмагомедов никогаш не бил во ситуација која Махачев се најде на последниот меч кога Волкановски го победи во петтата рунда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО