Ардијан Аземи и Насер Харуни во Софија го чекаат жребот за „Емил Жечев“ (ФОТО)

Аридјан Аземи и неговиот тренер Насер Харуни пристигнаа во Софија, Бугарија, каде што нашиот тешкаш ќе настапи на силниот Меѓународен турнир за младинци „Емил Жечев“, кој ќе биде генерална проба пред Светското првенство во Киелце-Послка во април.

Аземи е единствениот боксер од Македонија кој ќе настапи на еден од најсилните турнири за оваа возрасна категорија до 91 килограм.

„Турнир е е тест пред Светскот првенство во Киелеце. Сакам да потсетам дека Ардијан Аземи го освои бронезниот историски прв медал за Македонија во оваа конкуренција на Европското првенство во Будва-Црна Гора“, изјави Харуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО