Нашата џудистка Арбреша Реџепи настапи на Европксиот куп за кадети во Коимбра, Португалија, во категоријата до 48 килограми.
Во првото коло беше слободна, а во второто се сретна со фаворитката Русинаката Анастасија Кунијаева и беше поразена со по еден ипон, вазари и јуко. Кунијаева го освои првто место, па така и ја повлече нашата џудистка во репасажот.
Во репасажот во првата борба ја победи Керен Вајс од Израел со вазари, а во клучната средба Џулија Сантини од Италија беше подобра и славеше со ипон, вазари и јуко.
Во вкупниот пласман Реџепи е седма, која пред неколку недели на Европскиот куп во Клуж-Романија, го освои бронзениот медал, што е еден од најголемите успеси на македонското џудо.
Ipon.mk/В. Д.