Арбреша Реџепи од ЏК Ипон од Скопје го освои златниот медал на 53. Меѓународниот турнир „Нагаока“ Љубљана, Словенија, во категоријата до 52 килограми.
Реџепи во финалето ја совлада домашаната натпреварувачка Нуша Перовник од ЏК Акрон од Словењ Градец, однонсо имаше три победи за првото место.
Ипон настапи со пет натпреварувачи кои претходно беа на подготовки во Словењ Градец.
Анастасија Качаниклиќ (+70 кг) беше петта.
Ipon.mk/В.Д.