Нашата репрезентативка Арбреша Реџепи (-48 кг) со еден ипон спрема едно јуко ја совлада Унгарката Фатиме Берингер на Европското првенство за кадети во Ватен-Финска.
Во второто коло Србинката Андреа Стојадинов беше подобра со еден ипон, а во репасажот и Германката Маша Балхаус славеше со еден ипон.
Сепак, за нашата млада џудистка и деветото место е добар пласман, а нејзината кариера е во подем.
Вториот наш репрезентаивец Хамза Јашари (- 60 кг) директно се пласира во второто коло, каде што беше совладан од Французинот Бенџамин Гомес со еден ипон.
Ipon.mk/В.Д.