Арапите ги повлекоа 120-те милиони долари за мечот Мејведер-Пакијао! (ВИДЕО)

Мани и Мјеведер

Конзорциумот од арапски инвеститори ја повлече импресивната понуда од 120 милиони долари за организирање на долгоочекуваниот дуел помеѓу Флојд Мејведер (САД) и Мани Пакијао (Филипини). Бизнисмени од Абу Даби, во ноември минатата година понудија сериозна сума, но не добија одговор од Американецот.

„Сакаме да работиме со сериозни луѓе кои можат да донесат одлуки – коментира портпаролот на конзорциумот Акбар Мухамед.

„ Ние сме сериозна организација. Времето за размислување помина и понудата веќе не важи. Штом Мејведер одбива 120 милиони долари, а наместо тоа претпочита да се бори за пари со кои може да си купи хот дог, тогаш е подобро да си го сменат името на својот тим („The Money Team“/ „Тимот на парите“)“.

Најдобри во историјата се оние кои се соочуваат со најголемите ривали. Али се сретна со Фрејзер, а Леонард се бореше со Хорнс. „Иако пропадна средбата, Абу Даби ќе биде домаќин на голем бокс спектакл“.

http://youtu.be/_DpVUw_7JaQ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON