Арапи му понудија 120 милиони долари на Мејведер за меч со Пакијао!

meejveeder na ring

Група инвеститори од Абу Даби му понудила на светскиот професионален босерски шампион во пет различни верзии, Флојд Мејведер Јуниор, сума од 120 милиони долари за меч со светскиот шампион во категорија до 66,7 килограми на Светската боксерска организација, Мани Пакијао.

Предлогот официјално е упатен до „Мејведер промоушнс“ за средба меѓу Американецот Флојд Мејведер и Филипинецот Мани Пакијао во првата половина на 2015 година. Во својата кариера на професионалниот ринг Флојд Мејведер има 47 натпревари и 47 победи. Мани Пакијао има 57 победи, 5 порази и 2 нерешени борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON