На 22. Државно боксерско првенство денеска се одржаа финалните борби или вкупно 11 борби во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција.
И пред првенството се очекуваше дека борбата меѓу Осман Демиров од Баргала и Гоце Јанески од Аперкат ќе биде најинтерсна. Тоа се обистини и двајцата прикажаа квалитетен бокс за кого гледачите доаѓаат во салите. Судиите победата му ја доделија на Јанески.
Ѓорги Трајковски е вистинско изнендување,бидејќи прв пат се појавува на државно првенство стигна до титулата, а ова му е само четврта борба и тоа за месец и половина. Јасмин Мифтар ја има најбрзата победа, а Африм Мурати исто така победи со прекин во вората рунда.
Сепак, ова се премалку борби за Државно првенство во три конкуренции, од кои само три во сениорска. Мора да се преземат мерки за враќање на боксот на победничките патеки, затоа што имаме олимписки медали, европски и светски.
Резултати -сениори
-69 кг Африм Мурати (Шкупи)– Александар Петров (Аперкат) со прекин во 2 рунда 0-2
-75 кг Гоце Јанески (Аперкат) – Осман Демиров (Баргала) 2-1
-91 кг Беким Исени (Шкендија) – Синан Џеладин (Тернипе) 0-2 TKOI-2
Јуниори
-54 кг Јасмин Мифтар (Аперкат) – Љубен Селев (Универзалци) прекин во 30 сек.1 рунда
-64 кг Бесар Гарипи (Шкендија) – Костдин Пешковски (Универзалци) 2-1
-69 кг Ѓорги Трајковски (Шкупи) – Лулзим Исмаили (Шкендија) 3-0
-81 кг Серхан Џафероски (Ас) – Андреј Митров (Аперкат) 0-3
Резултати кадети-финале:
54 кг Сухејб Илари (Шкупи) – Шпенд Гафури (Шкендија) 0-3
57 кг Марко Стојаноски (Универзалци) – Нелчи Беслими (Тернипе) 3-0
ipon.mk/В.Д.