Најдобриот хрватски кикбоксер Антонио Плазибат доживеа тежок пораз на настанот Глори: Колишн 5 во Ротердам.
Во мечот за појасот на привремениот шампион на Глори во тешка категорија, Солињанинот загуби со нокаут во петтата рунда од клупскиот колега Тарик Осар.
На Антонио не му помогна големата поддршка на хрватските навивачи од трибините на Ахој арената, меѓу нив беа и претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ, и Марио Манџукиќ со уште неколкумина хрватски фудбалски репрезентативци.
Нигериецот доминираше во текот на целата борба, блескаво и вешто избегнувајќи ги обидите на Антонио.
Осаро веќе во првата рунда покажа дека добро се подготвил и заработи предност кај сите пет судии.
Антонио се обиде да го промени ритамот, но Тарик имаше одговор за се.
На крајот од втората рунда борците разменија неколку удари и откако се огласи сирената, а кога судијата влезе да ги раздвои, Плазибат го закачи со десно кроше.
Plazibat just blasted the referee at GLORY. Dropped him to the canvas. Dangerous job #COLLISION5 pic.twitter.com/3OLPiOKpcL
— caposa (@Grabaka_Hitman) June 17, 2023
Во продолжение Осаро продолжи да притиска, додека Хрвтот премногу се трошеше.
Нигериецот ја презеде целосната контрола на борбата и си го проби патот до победата.
Плазибат беше видно уморен во петтата рунда, а на 52 секунди пред крајот беше нокаутиран.
Осаро со неверојатна серија го погоди Плазибат, кој не можеше да стане.
Во воведниот дел од програмата Андреј Кедвеш од Ѓаково во своето деби го победи британско-латвискиот борец Марекс Пелцис со едногласна одлука на судиите.
Резултати од Глори: Колишн 5:
Тарик Осаро – Антонио Плазибат од КО (удари и колена), Р5 (2:08)
Тарик Хбабез – Мохамед Амине – КО (удари), Р4 (2:02)
Донован Висе – Серкан Озчаглајан – едногласна одлука на судиите (50-45 x 5)
Енди Семелеер – Џеј Овермер – едногласна одлука (49-47, 49-46, 49-46, 50-45, 50-45)
Ибрахим Ел Буни – Фелипе Микелети – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28, 29-28, 29-28)
Мајкл Боапеа – Улрик Бокеме – ТКО (судиски прекин), Р1 (2:08)
Набил Хачаб – Владимир Токтасинов – едногласна одлука на судиите (30-27 x 5)
Диајгли Камара – Едуард Гафенку – ТКО (удари и колена), Р2 (2:24)
Андреј Кедвеш – Марекз Пелцис – едногласна одлука на судиите (29-28, 30-27, 30-27, 30-27, 30-27)