Антонио Плазибат го откажа настапот на Гран прито на Глори во март

Најдобриот хрватски кикбоксер Антонио Плазибат го откажа настапот на Гран при турнирот на Глори во тешка категорија, кој ќе се одржи на 9 март во Арнем.

Плазибат како гостин во Подкаст инкубаторот откри дека нема да насатпи на големиот турнир на осумината, а Глори моментално бара негова замена.

„Нема да учествувам на турнирот, бараат замена. Раката ќе биде во ред до 9 март, ќе заздрави, но во тој случај би требало да влезам во мечот без комбинации, спаринг и примање удари на таа рака“, изјави Антонио Плазибат и понатаму објасни:

„Мора да се навикнат тетивите и лигаментите, а јас немам време. Ја скенирав раката и сфатив дека повеќе ризикувам отколку што добивам, ако пак ја скршам раката, ќе бидам надвор уште една година“.

Промоцијата сега го бара осмиот тешкаш за учество на турнирот, на кој ќе настапат Рико Верховен, Тарик Осаро, Софијан Лаидуни, Бахрам Раџабзадех, Леви Ригтерс, Уку Јурхендал и Набил Хачаб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО