АктуелноМеѓународна сценаММА

Анте Делија загуби со нокаут во првата рунда од Валдо Кортес Акоста

Анте Делија, за жал, не успеа во својот втор настап за најголемата светска ММА организација.

Хрватскиот борец загуби од Доминиканецот Валдо Кортес Акоста со нокаут во првата рунда на УФЦ Фајт најт 263 во Апекс (Лас Вегас).

Анте ја зазеде средината на октагонот и бараше можност да го нападне Валдо. По неколку неуспешни удари од двете страни, борбата отиде до клинч покрај оградата на октагонот.

На половина од првата рунда Делија упати серија силни удари, но со прстот ненамерно го закачи окото на Валдо, па мечот моментално беше прекинат.

По медицинска пауза Доминиканецот ја продолжи борбата, повторно започна позиционирањето во средината на октагонот.

Делија го погоди противникот со преден удар, но Валдо возврати со десен оверхенд и го нокаутира Анте. И тоа беше крајот – времето на семафорот покажуваше 3:59 минути.

Тоа е седмиот пораз во неговата кариера и првиот по две победи по ред. Во првиот настап за УФЦ во септември, Анте со нокаут во првата рунда го победи Марчин Тибура.

А Валдо Кортес Акоста се врати со победа откако во август загуби со едногласна одлука против Сергеј Павлович, тоа беше 15-ти триумф во неговата кариера.

Во претходните борби од главниот дел, Џеремаја Велс во неизвесен меч со едногласна одлука го победи Темба Горимба, а Јадиер дел Вале со задушување во првата рунда го заврши Исак Дулгаријан.

Исто така Чарлс Радке со задушување во третата рунда го победи Даниел Фрунца, додека Алан Насименто со зафатот анаконда задушување во втората рунда го победи Коди Дурден.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON