Трајан Ангелов го свои сребрениот медал на Светското првенство за ветерани во борење слободен стил во Скопје во Е-категоирија, што е негов најглем успех, откако лани го освои бронзениот медал. Во финалето Анеглов е поразенод Русинот Зураб Красадѕе со 0-5.
Успехот на е рамен на злато. Тој имаше три тешки средби. Во финалето се сретна со борачот од Русија. Нашиот борач доби јавна опомена поради наводна пасивност, но истата не му беше доделена на Русинот во втората рунда кога ја избегнуваше борбата. Во последните секунди, Ангелов мораше да ризикува, бидејќи со јавната опомена Русинот водеше со 1-0, но и наседна во последната секунда, веројатно и преморен од претходните тешки борби и ја загуби средбата. Но, мора да му се упатат честитки за храброста на Ангелов, кој пред една година беше трет на СП во Бугарија.
Игор Мицевски го освои бронзениот медал откако ја доби борбата против Индиецот Нарендер Синг.
Николчо Калајџиев и Марјан Танев во борбите за бронзените медали во Б-категорија до 78 кг, која е најмасован на СП, се поразени од Мартин Буз од Германија 0-2 и од Ганбат Дорјготов од Монголија 0-10 (ТТ).
Ipon.mk