Ангела Мојсовска се бореше за бронзата на Светското првенство, Вероника Костовска со три победи

Ангела Мојсовска беше на чекор до бронзениот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сантјаго, Чиле. Мојсовска во борбата за бронзнеиот медал во категоријата до 68 килограми во У-21 загуби од Американката Скилар Лингл.

Претходно Ангела имаше две победи, а во третата загуби од Русинакта Исаева, потоа во репасажот славеше над Унгарката Чагани, но за бронзата немаше сили. Во конечниот пласман Мојсовска го зазеде петото место.

И Вероника Костовска имаше одличен старт, извојува три победи, а во одлучувачката загуби од Русинаката Ана Родина со 1-6, која, пак, загуби во наредната борба и неја повлече нашата каратистка во репасаж.

Така, од ова СП се враќаме со еден бронзен медал на Бојан Костов (-52 кг) во кадетска конкуренција.

Резултати
-61 кг
Вероника Костовска – Лаура Фуцик (Хрватска) 3-1
Вероника Костовска – Таис Оливеира (Бразил) 1-0
Вероника Костовска – Марија Азарава (Белорусија) 2-0
Вероника Костовска – Ана Родина (Русија) 1-6

-68 кг
Ангела Мојсовска – Барбара Хуаикиман (Чиле) 3-2
Ангела Мојсовска – Илма Рахмановиќ (БиХ) 2-0
Ангела Мојсовска – Викторија Исаева (Русија) 1-7
Репасаж
Ангела Мојсовска – Дора Чагани (Унгарија) 3-0
За бронза
Ангела Мојсовска –Скилар Лингл (САД) 1-9

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON