Ангела Мојсовска прва на Купот за У-21 во Умаг

Ангела Мојсовска го освои првото место во категоријата до 61 килограм во У-21 на ВКФ тренинг кампот и Купот за У-12 и У-21 во Умаг, Хрватска.

Мојсовска во финалето ја совлада Босанката Илма Рахмановиќ.

Тоа е најдобриот резултат што го пистигна некој наш каратист на овој турнир.

Сепак, главното почнува утре, односно Карате 1 лигата за младинци која е критериум за влез во репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, а услов е пласман меѓу првите тројца. За место во репрезентацијата ќе се борат 43 каратисти од нашата земја во конкуренција на 2577 натпреварувачи од 70 држави од целиот свет.

Резултати
Ангела Мојсовска – Ана Хирт (Швајцарија) 4-1
Ангела Мојсовска – Дина Махмуд (Босна и Херцеговина) 5-0
Ангела Мојсовска – Садеа Бечировиќ (Хрватска) 3-1
Финале
Ангела Мојсовска – Илма Рахмановиќ (Босна и Херцеговина) 4-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО