Андресон Силва: УФЦ ги жртвува легендите за сметка на борците без харизма

Андерсон Силва по двегодишна пауза се враќа на борилишттео на 9 февруари во Мелбурн против Израел Адесања.

Поранешниот шампион во средна категорија изјави дека пред договорил борба со поранешниот борец на Глори обидувајќи се да дојде до реванш со Ник Дијаз.

43-годишниот Бразилец има проблем со организарањето мечеви во УФЦ. Смета дека организацијата неоправдано ги жртвува борците со име во средби со противници во подем кои немаат харизма што ја имале во нивниот врв на кариерата.

Мислам дека борбата против Ник би била многу кул и многу интересна. Затоа што по нашата последна борба и двајцата паднавме на допинг тестот и истатат беше поништена, така што таа пресметка и не постои“, изјави Пајакот

Силва во јануари 2015 година гопобеди Дијаз со едногласна одлука, но борбата беше поништена откако Бразилецот беше позитивен на стероиди. Дијаз беше позитивен на марихуана.

„Мислам дека Ник е момче кое има име и има историја во овој спорт. Не можеме да ја прифатиме играта на УФЦ во која сака да ги користи легендите за да ги промовира младите борци“.

Вели дека не му е проблем да се бори со помладите борци, туку недостатокот на почит кои тој и другите борци од постарата генерација ја добиваат.

„Многу ми зборував за ова со Ник и други спортисти. Не ни е проблем да се бориме со тие деца. Тоа не е проблем. Само сакаме да не се укаже почитување за се што направивме за овој спорт. Јас во текот на својот подем никого не прозивав. Секогаш дозволував работите да дојдат природно и да одат по свој тек. И мислам дека поинаку и не може“.

„УФЦ сака да промовира нови таленти без харизма за сметка на старите таленти кои имаат харизма и кои знаеја како да ги раздвижат работите. А тоа е нешто што денешните деца не го можат“.

„Влегуваат во октагонот, се борат и добро се борат. Но, кога ќе ја отворат устата во состојба се се само да трескаат глупости. Немаат приврзаност кон публиката. Нема некоја  корист ако сте добар борец, а не сте харизматичен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО