Андерсон Силва ќе се соочи со Спортската комисија на Невада, во обид да го исчисти своето име од допинг скандалот во кој се вмеша во почетокот на годината.
Сепак, која е причината за позитивните допинг тестови на Силва?
Според тимот на Бразилецот, тоа се лекови од типот- секс стимуланси (Виагра). Сериозно.
Според адвокатот на поранешниот шампион, тој земал секс стимуланси, а потоа тестирање се покажало дека биле контаминирани со анаболен агент дростанолон.