Андреј Арловски со највисок хонорар од УФЦ на ЕСПН 35

Изминатиов викенд во Лас Вегас го видовме настанот УФЦ на ЕСПН 35 што се одржа во Институтот на УФЦ.

Во главната битка Марлон Вера се справи со Роб Фонт. Вера доминираше со својот противник и со одлука го победи. Оваа победа носи 191.000 долари за Вера, како и 101.000 долари за Фонт.

Двајцата зедоа и бонус од 50.000 долари откако нивната битка беше избрана за меч на вечерта. Фонт тие 50.000 долари ќе му ги даде на Вера, бидејќи не успеа на мерењето пред средбата (имаше поголема тежина).

Најмногу пари зеде Андреј Арловски кој си замина со 346.000 долари. „Питбулот“ се пресмета со Џејк Колиер и со одлука го победи во коглавната битка.

Ова се хонорарите:
Андреј Арловски – 346.000 долари
Марлон Вера – 191.000 долари
Роб Фонт – 101.000 долари
Дарен Елкинс – 83.000 долари
Андре Фили – 76.000 долари
Кшиштоф Јотко – 65.000 долари
Џералд Мершарт – 54.000 долари
Чејс Шерман – 26.000 долари
Џејк Колиер – 25.000 долари
Џаред Гордон – 24.000 долари
Александар Романов – 24.000 долари
Џина Мазани – 22.000 долари
Грант Досон – 20.000 долари
Џоандерсон Брито – 16.000 долари
Тристан Конели – 16.000 долари
Даниел Ласерда – 16.000 долари
Франциско Фигуердо – 16.000 долари
Габриел Грин – 16.000 долари
Јохан Лејнес – 16.000 долари
Нејтан Леви – 16.000 долари
Мајк Бриден – 16.000 долари
Шана Јанг – 16.000 долари
Тацуро Таира – 16.000 долари
Карлос Канделарио – 16.000 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО