Андреа Нисева со исплонета програма на подготовки до Европското првенство во Скопје

Мирослав Гочев, новиот селекторо на Бугарската федерација, кој од 1993 до 1996 година ги бранеше боите на Балканец, заедно со неговиот брат Сотир Гочев, генерација на Методи Сичков, Гордан Николов, ја покани најталентираната македонска борачка на подготовки во Белмкен, која, за жал, поради недоразбирања во Македонсаката федерација со нејзиниот клуб Олимпија, настапува за репрезентацијата на Бугарија.

Андреа Нисева отреба да оди на подготовки 2 до 22 декември. И нејзините тренери во Олмпија Сичков и Николов веќе имаат изготвено и договорени програма за Андреа по базичните подготовки од 3 до 20 јануари 2025 година. Таа породолжува со тренинг камп во Атина, Грција, каде се по канети неколку балкански земји во женско борење, потоа од 5 до 21 февруари е на подготовки во Баку, Азербејџан. По подготовките следуваат неколку турнири и викенд подготовки се до 9 јуни, кога во Скопје ќе се одржи Европското првенство У-15.

Се зависи од нашите институции дали Нисева ќе настапи за Македонија или Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО