Андреа Нисева прва на Државното првенство на Бугарија, обезбеди настап на Блаканско и на Европско првенство

Штипјанката Андреа Нисева (-54 кг) го освои првото место на Државното првенство на Бугарија во У-15 што се одржа во Бургас и е прогласена е за најдобар борач на шампшионатот.

Во нејзината категорија имаше 18 натпреварувачки. Инаку, Андреа во Бугарија настапува за БК Асеновград.

Со ова Нисева обезбеди учеството на Балканското првенство од 4 до 6 мај во Серес, Грција и на Европското во Унгарија во јули.

„Но, сепак нема да настапи за Македонија, бидејќи системот на државата ни е во пропас, нема реакции, ниту од Агенцијата за млади и спорт, ниту од највисокото раковорсво на државата, односно премиерот“, вели Методи Сичков од БК Олимпија од Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО